остане (гл.) - повеќе (прил.)

Како виден граѓанин на град Куманово беше избран во 1916 година за претседател на кумановска општина, на која должност остана повеќе од една година, а по тоа време даде оставка и се пресели во Скопје.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
На Арсо секогаш му е здодевно кога останува повеќе време во дуќанот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Те милувам по глуждот: - Каде? – прашувам глупо. – не можам да останам повеќе.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Пиеше само „Дифка“ кафе, што сама си го правеше од јачмен, ’рж и слануток и никогаш не вечераше, за да им остане повеќе на дечињата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во значителна мера компромитиран, Сарафов не можел да остане повеќе на чело на Врховниот комитет.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Навела дека уште во војната Сојузниците ветиле територијален интегритет; дека сето население во реонот е словенско, дека отаде границата, во Албанија, остануваат повеќе словенски села, отколку од оваа страна албански; дека манастирот е едно од најголемите словенски светилишта.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)