Ќе бидеме овде, јас свиен во твојот скут, во овој жолтозелен простор кон кој води еден единствен, тесен пат, како што е впрочем секогаш речиси правило, тесен пат да води кон широкото и пространото; ќе останеме овде под сината вселена по која една голема жолта месечина плови како залутана лаѓа во пустина, со изветвено знаме што се вее, како што некогаш бев ти зборувал, без бои веќе и без припадност.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
- А ние? - шепна Коле. - Вие, засега најдобро е да останете овде ...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
- Вечерва ќе останеш овде. Ќе спиеш овде. Јасно?
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Сакам тоа да остане овде засекогаш, за малиот Даниел... Ене ја таа птица! Слушај.”
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
„Тогаш јас не можам да останам овде.“ „Што ти збори, Рози.“
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Спушти ме страсно, крени ме в рака милувај нежно, не вели збогум, остани овде, сотри ме нежно, ах, во тој оган вечно нека горам.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
АНЃЕЛЕ: Не сака велење оти, ако би останале овде, ќе спијат со Ана.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
„Треба да се подготвиш.“ „Подготвен сум.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Јас сакам да останам овде,“ рекла Добрата Душичка, стуткувајќи се во креветот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Ќе останам овде ноќва.“ „Треба да патуваш.“ „Патувам утре.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Затоа што и тие, како и вие, не сфаќаат дека оваа ситуација нема да трае долго,“ рече Зигмунд.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„А зошто инсистирале твоите пријатели да заминеш, ако не е навистина опасно да се остане овде?,“ прашав.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Не постои повеќе овде за тебе,“ ѝ викнал едниот од браќата, ја грабнал за рамената, и ја истуркал од креветот. „Те водиме дома засекогаш!“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Дај ми една причина за да останам овде Иако поради маскирната униформа над слоевите зимска облека и ранецот на грбот не можеше добро да погледне надолу кон своите гради, знаеше дека го притискаат редениците со куршуми.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
А ако ми дојдеш уште еднаш... - Нема да доаѓам, ја прекинал Арсо Арнаутче.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Нема. Ќе останам овде до ден. И повеќе. Додека не ми дадеш. - Проклет да си.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
ПОП ЈАНЧЕ: Ние донесовме решение да те викнеме и ако си согласна уште оваа вечер да ве венчавам овде, при баба ти Анча, без церемонии и да си останете овде да си спиете.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Не, тој ќе остане овде. Овде му е сосема добро.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Вие двајцата останете овдека, во трлово, им вели на Новета и на Крстета, а потоа им вели на Максима и на Васила Ние ќе излеземе за да извидиме наоколу.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И не беше ли тој, Сатаната, што го поучи него, лицемерно, да не отиде и да не се сокрие со сите други луѓе на Имотот, туку да остане овдека и да се обиде да ги смилостиви поганците со леб и сол?
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Марија ја разбра вистината. – Те молам, зајче! – рече вџашена. – Немој да ми кажеш дека и ти веруваш оти сум луда! – Како можеш да го помислиш тоа! –рече тој, обидувајќи се да се насмее. – Работата е во тоа што за сите ќе биде подобро да останеш овде уште извесно време.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Марија го сфати знакот, погледна отстрана и ја здогледа Херкулина, секогаш подготвена за напад.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Таа го задржуваше да не оди, да остане овде да работи, но фирмата му рече дека градилиштето се сели во Брно и дека таму ќе остане додека заврши работата.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Јас можам да ѝ пишам на сестра Хазбије и да ја замолам да останеш овде, таа бездруго ќе се сложи!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Кога Ема ѝ велеше “Ти можеш својот пат да си го продолжиш овде, ги запозна нашите луѓе, тие те сакаат, гледам дека и ти прифати некои од нив, и сега на тебе е да решиш; да, јас ќе те разберам доколку сакаш да се вратиш дома, но враќањето дома велиш дека е ризично, затоа остани овде, се друго е непотребна и неизвесна авантура,” Илона ги сфаќаше добрите намери на полицајката, но го спомнуваше Јиржи, својот пријател Јирачек, кој сигурно ја чека во Равена (тајниот јазол на чешката врска, како што често велеше Илона), така се договориле последната ноќ помината заедно во мотелот “Мерси” на излезот од Хасково.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
„Јас сум задоена со таа работа,” ѝ велеше тогаш Илона на својата пријателка, по навика пеглајќи си ги рабовите на сукњата над коленото со десната дланка.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Зашто еве, и Евреиве ни ги полнат маалата. Со бродови и карвани од Дубровник, и тие, кутрите, божем бегајќи од Шпанија и Португалија одат за Солун, ама минувајќи низ Скопје, многумина и остануваат овде, кај нас. Што да правиме со нив?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Вие останете овде.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Неговото одолжување, небарање пари, неспремање за на пат, му падна в очи на манастирскиот настојател по чифличките работи од Зографскиот манастир и еден ден го запраша Сталета: — Белким сакаш, бре момче, да останеш овде на работа зимава?
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Останатите остануваат овде, како Чаплин на неговата подвижна лента.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Затоа несмееше да остане овде до ден, до петлово добро утро.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
ЕВДОКИЈА: Коста е со мене вечерва и ќе остане овде: Што сакаш?
„Буре барут“
од Дејан Дуковски
(1994)
Загрижен, тој нѐ замолува да си одиме. 6.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Како и ТВ-то, и тој реши да остане овде (иако неговото гледиште е пошироко: ТВ-то ќе владее 50 години и ......ќе исчезне......).
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Тој е престапник кој се преобразува (Дишан).
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Не се лесни овие патувања, по толку, толку многу години. Остани овде уште некој ден за да зајакнеш.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
- Слушај, ти остани овде со овците, а јас ќе одам отаде во Гропите да го најдам поп Донета да му кажам.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
А да останете овде да ве криеме. Што велите?
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)