остане (гл.) - непознат (прил.)

Би требало, сепак, од тој период да го извлечеме низ ориентализмите тоа што останало во нив позитивно, а останува непознато за поширок круг луѓе, посебно од страна на новите генерации.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Како се сретнале Дишан и Мартинс останува непознато, иако е веројатно дека се запознале во уметничките кругови кои се собирале во галеријата на Пеги Гугенхајм во Њујорк, во текот на Втората светска војна.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во 1944 била објавена фотографија со нејзините дизајни преку цела страница на списанието Вог, снимена со двојна експозиција, што остава впечаток дека сликата е гледана низ стакло, што нѐ наведува на тоа идејата за оваа фотографија да му ја припишеме на Дишан.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Непознатото останува непознато – рече старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Имено каква и во што се состоела положбата на значајното лице, тоа остана непознато сè до денес.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Зар тоа ќе го сториме со душманлакот и неговите синоними, како насилната промена на Бога, јаничарството, или досега сите наведени опасни ориентализми? праша резигнирано Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)