остане (гл.) - многу (прил.)

Над отворената влажна шахта, таму подалеку пред куќата, во која останала многу влага од водата, веќе кружеа три пеперутки.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Лажго кој не е во состојба да ја прикрие дури ни својата лична отсутност туку глуми дека е овде.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мислев на мекушлавците а истовремено почувствував и останав многу изненаден дека токму сега се јавува и она чувство на измаменост од сопствената волја што грдо и неодговорно ми пристапува со оној писклив глас што доаѓа негде од далеку, а сепак од мојата внатрешнина: "Ти си лажго!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Најмногу ми се бендиса една црвена роза и под неа текстот: -Не барај од животот со многу рози да ти ја постеле патеката; ќе остане многу трње откако розите ќе овенат...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Таа само тивко прозборе: – Вистина е – прифати Мајка – дека за децата останаа многу тајни од нашите животи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мејо ми остана многу благодарен.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)