остане (гл.) - долу (прил.)

Сестра ми се плашеше од темница и заради тоа кога навечер си легнувавме вратата од нашата соба беше отворена додека таа не порасна доволно.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Тргнавме натаму кон камбанаријата. Јас веднаш се искачив дури горе кај ѕвоното, а Јован остана долу, ја побара кутијата цигари во сините работнички пантолони и, откога ја најде, си извади цигара, зачуден од моето љубопитство.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Патниците се искачија по класите, а пријателите останаа долу под вагонските прозорци.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Таа остана долу, не ја пуштија.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Му нареди на свештеникот што го придружуваше да остане долу, а самиот тој со лесен чекор се искачи по скалите и тропна на вратата што му ја отвори самиот Беренц.  „Еминенцијо - му рече, донекаде изненаден, есесовецот на владиката - на што ја должам оваа чест?“
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- Каде се? - прашува старешината Раде. - Останаа долу, - вели некој. Рекоа дека ќе нѐ стигнат.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Се надевам дека тоа е доволен аргумент за да Ви одземам малку од скапоценото време”, ведро коментираше владиката и зачекори преку прагот на неговата канцеларија.  Тој коментар беше доволен Беренц да ја симне службената резервираност.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)