остане (гл.) - длабоко (прил.)

Битола, Прилеп и Македонија, останаа длабоко врежани во свеста на творците на нова, проевропска Турција.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но, многу е избришано, бледо, зашто човековото паметење, со текот на годините, е измамливо, понекогаш несигурно, сомнително... иако е пренатегнато и преоптоварено со спомени, кои полека исчезнуваат, одумираат, времето ги испива, ги исцедува и смрачува, ама и покрај тоа нешто останува длабоко врежано и тешко се брише, не се кине и не се откорнува...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Татко, по откривањето на знамињата, остана длабоко да размислува на чардакот над отворената книга.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)