остане (гл.) - чист (прид.)

Тие што сакаат да филозофираат или имаат време за размислување покрај обврските што ги наметнува баналното секојдневие, често размислуваат за смислата на животот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Низ животот, низ годините, душата да ни остане чиста, да ја разбереме тајната на Бог и надежта дека еден ден сите страдања ќе завршат.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Вистина е дека Андреј Горчин беше трагичен и недокажан, но и кога го газеше џиновското стапало на диносаурусот, тој остана чист, музикален...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Така сета енергија внатре остана чиста и секогаш ми дозволуваше мирен сон.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Месни раководители и агитатори што имале можност да одат во Бугарија и таму да се сретнат и да разменат мисли со членовите на Организацијата од разни делови на Македонија и да се запознаат со положбата во емигрантската организација се враќале - пишува Шатев - “уште поопозиционо настроени и речиси сите ја потцртувале деморализаторската атмосфера во слободна Бугарија, тврдејки дека кој сака да остане чист во делото... не треба нога да му стапне во Бугарија, или пак, ако мора да оди - да не стои повеќе од една седмица“37.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
- Толкунѕаво гршче пченичка собрав од класја што ги колваа врапците по стрништето... - Ја украде! - ѝ викна Василопулос.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ќе из’ртеше зрното по првиот дожд, а јас само гршче, само толкунѕаво шепиче...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Годините што изминаа длабоко го врежаа во прстот на Крстовица прстенот што секогаш остана чист.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Василопулос ја фрли цигарата на подот, ја изгази со тешката чизма, и испуштајќи го чадот низ нос, рече со зарипнат глас: - Значи, почнаа и кражбите... - и, одејќи кон Крстовица ја праша – Што имаш во торбата?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Набрзо го замолча митралезот, така ридот остана чист.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Долу, пак, на едно ритче имаше Германци опремени со митралез кој постојано грмеше, па Бугаринот почна да ги пцуе: Мамката ваша!
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)