остане (гл.) - цел (прид.)

Не му стана лесно, но му олесни кога го префрлија во логорот за бегалци каде што остана цели шест месеци.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Надвур од Боградец човеко ми рече: - По вој п’т ќе втасаш дома, - и се врна.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ами ка... Јаска и нему метании. Добри људје, златни, прокопцани. У ними остана цел ден.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И пак ношја, напрау, по полјето, по месечина, по мрак, јаска киниса.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Се помоли па, а после фати да плача.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Под креветот остана цел ден и молбите на Зоки не ги послуша.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Повторно го треснав. Пак остана цело. Така седум пати.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Затоа, го откачив големото огледало закачено на ѕидот во претсобјето и го треснав од земја. За чудо, тоа остана цело.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Еднаш кога Мил остана цела ноќ во лабораторијата и не дојде на спиење, Богуле го заобиколи коритото со вода што му го стави мајка му, и низ прозорецот кој беше заборавен да се затвори со рајберот однадвор, започна да се спушта по јаболкницата, но се слизна на влажните гранки и падна.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)