остане (гл.) - упорен (прид.)

Имено, неможејќи повеќе да го истрпат понижувач­ кото однесување на новопечените газди и нивните послушници, скоро сите „порцеланци“, како што имаа обичај да се ословуваат меѓу себе, решија да организираат штрајк против условите за работа и да бараат исплата на заостанатите плати.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Братот остана упорен докрај, успеа во проблеснувач­ки­те мигови во Татковото кажување, од неговите записи и книги.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но, за жал, поради сплетот на идните бурни настани што допрва следуваа, иако подоцна немаше второстепена постапка по жалба, оваа пресуда, која во октомври 1999 стана правосилна и извршна, никогаш не е извршена – ниту доброволно, ниту присилно [а веќе е и застарена].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Болката и радоста остануваат упорни, но и со нив, и без нив, ние живееме натаму. 28 февруари Повторно го сонував она ужасно случување со црквата.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Па, сепак, и покрај силното препотување, и покрај тоа што сѐ му се сплетка и измеша во главата, и покрај госпоштината со каква тој по прв пат се сретна и се уплаши од неа, реши да остане упорен и да ги прекори.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но, овие луѓе на кои им дојде „нож до коска“ од долгогодишните шефовски лаги и глумења, беа подготвени на ваков пресметан ризик уште од почетокот на борбата, па останаа упорни и солидарни во заедничката битка – и воопшто не се плашеа од негативните консеквенци и реперкусиите кои следуваа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но Панде остана упорен. И стројничката, до тој момент, сигурна дека е најарно свршена работата, сега почувствува како ѝ се топат и пропаѓаат богатите дарови на кои толку многу мислеше и се надеваше.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)