остане (гл.) - сув (прид.)

Заразена од нивниот мир, Марија се стутка на седиштето и му се препушти на дождот кој тропкаше по стаклата од прозорците.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А тој - голем во своите очи, не ја искористил шансата и нејзината слабост, и останал сув.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Сосетката на седиштето ѝ даде запалка и ја замоли за една од малкуте цигари кои ѝ беа останале суви.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Твоите очи останаа суви, и не само тоа туку и потсмешливи.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тие останаа суви како барут, ама запалени од лутина и бес, ѓоа крмаз и црвен пипер ги поросиле.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)