остане (гл.) - скаменет (прид.)

Но, таа остана скаменета, здрвена мамара: ни збор од моја страна ни збор од нејзина.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Неколку мига тој остана скаменет и без збор.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Митре остана скаменет. Градите му се наполнија со гнев, очите заискрија: - Немаш време!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Остана скаменет. Не можеше да мрдне ни со прстот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Крчмарот остана скаменет; гледаше тапо, без збор, без насмевка, сурово.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)