остане (гл.) - рамнодушен (прид.)

И покрај тоа што мисијата имала само воен карактер сепак не можел да остане рамнодушен спрема политичките барања на Македонците и да не го извести својот штаб.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Кој не би се смилил пред изгледот на Пискулиева, штом дури и дедо Иван не можеше да остане рамнодушен.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Вреди ли уште да пребарувам по тоа што сум го пишувал или да останам рамнодушен на провокациите, кои бездруго беа поврзани како во верижно коло со други, трети прашања, кои неизоставно ќе ми бидат поставени во текот на патувањето.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Таа и самата како да остана рамнодушна кон можен брак.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Го чу ударот и остана рамнодушен.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Пак остана рамнодушен.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Јана наеднаш се појави зад неговиот стол.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Знаете, не можеш да останеш рамнодушен кога ќе слушнеш вакво обвинение.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Секогаш кога ќе му пријдеше овој негов син, тој му се радуваше, но сега остана рамнодушен.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)