остане (гл.) - разочаран (прид.)

Но, останаа разочарани, ништо од мамците. Пленот сѐ уште беше на слобода.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Реков: вчера! Сетив дека Пачев остана разочаран (сепак со поглед исполнет со сомневање изјави дека сметал на поголема кооперативност од моја страна).
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Отткако живите членови на бендот се соочиле со податоците од филмот останале разочарани затоа што, додека бил жив Ијан, не се потрудиле сериозно да ја сфатат неговата животна ситуација, да го разберат неговиот апел за помош и да му помогнат.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)