Мојата чинија до крај остана полна, но татко ми беше толку зафатен со тоа да ги нахрани и напие гостите, што одвај ме забележуваше мене, и тоа дали јадам или не, и како се чувствувам.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Во тоа време, шест седум месеци по свршувањето на војната, останаа полни магацини со оружје, а во секоја смрека имаше по петшест пушки, револвери, бомби, та дури и цели митралези се наоѓаа ако му требаше на човек.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)