остане (гл.) - отворен (прид.)

Кругот на враќањето кон раѓањето нужно мора да остане отворен, едновремено како прилика, знак на живот и рана.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Меѓу другото, обрезувањето значи одредена ознака која, со оглед дека ја извршиле други а јас ја претрпев во потполно препуштање, останува врз телото, видлива е и невидлива, исцело на истиот начин како и сопственото име кое други ми го доделиле.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сиџилите останаа отворени... Излегов од Татковата библиотека со последната допишана страница од неговиот живот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
И вратата по неа секогаш ќе остане отворена, секогаш кога ќе пофти, ако не ѝ чини таму, слободно нека си се врати.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Никој за тоа нема да ја прекорува.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И устата му остана отворена и искривена од скаменетата незавршена насмевка.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се затворија неколку атеистички музеи, но други останаа отворени по силата на идеолошката инерција.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Проблем што останува отворен е односот на формата и динамичките сили кои ја менуваат.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Тој се префрли во групата на повиканите на спротивната страна и, наместо да се сети и да помисли дека оди на место каде што може да дојде и до пукање поради заострените балистички банди по планињето, очите му останаа отворени како на елен и загледани во Марка.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Повеќе дуќани почнаа да се затвораат, дуќани на рисјани и дуќани на Турци, а оние што останаа отворени ги голтаа во својата длабока темнина главите на замолчаните дуќанџии.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Вратата што останува отворена како Никомахова тајна и ера се отвора и затвора со ист звук и со исто резе.
„Чекајќи го ангелот“ од Милчо Мисоски (1991)
Во согласие со тоа, културната политика што ја заслужува својата плата нема да се обидува да ги усреќува писателите, но ќе овозможи линијата на животот да остане отворена.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ете, тоа беше начинот на кој ми ги беше упатила прашањата, или поточно нејзиното гледање на проблемот што најмногу ја измачуваше.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
" (Таша не сфаќаше или пак не сакаше да прифати дека кругот може и да се затвори но проблемот и понатаму да остане отворен).
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И по третиот обид клепките останаа отворени, како зашиени на џубрите на веѓите.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Прозорецот остана отворен, ни на него ни на вратата од дворот не се стави црн флор.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ако и понатаму останува отворено твоето срце за мене и за моето црно семе, мојата Пелагичка, ќе си ги соберам пљачките и ќе се преселам кај тебе и од сега па до крај ќе те викам мајко Персо!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Во тие точки на разлеана пепел по страниците, од некогашните занесни читања и заборавно сеење на пепелта од пушените цигари врз хартијата, можеше да се наслутат и трагите на неговото верување во повеќекратниот идентитет кој Балканците фатално го носат во себе, но којшто упорно го одрекуваат една или повеќе од неговите компоненти за да дојдат во конфликт првин со себеси, па потем и со другите...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И така Езерото остана отворената врата на мојот живот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Како да не бил никогаш во Цариград Знаев дека речиси во текот на целиот живот ми остануваше потрагата на татковата тишина како облик на живеење, на откривање моменти од неговиот живот кои засекогаш останаа отворени дилеми.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Засекогаш длабоко во мене остана отворена вратата која ми ја остави во егзилот засекогаш мојата турска баба, вратата на нејзините големи, никогаш завршени илузии на заминувањето кон светот, бегството од Балканот, по патот на спасот на семејството.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Понекогаш, ќе се чуеше по некој шепот или мрморење низ прозорецот што сеуште останал отворен.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)