остане (гл.) - осамен (прид.)

Дел од левата дланка со четирите прсти била од секира одвоена и свртена со белината и со дел од линијата на животот кон небото; како да просела. Палецот останал осамен на раката.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дел од мене засекогаш ќе остане осамен, некаде фрлен и отуѓен, без волја да ја пронајде својата подобра хемисвера.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Мигум останав осамен во вревата на поздравите, лажниот хор од среќа и надежи.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Луѓето и не го виделе, сѐ уште свртени кон неподвижниот труп преку кој, им се сторило, лазеле танки линии крв и испокинати жили, додека месото под распарталената облека се отвора сама од себе и трепети од допир со студот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Еднаш го видов светот, тој преубав, совршен, хармоничен, задоволно го вдишував пријатниот мирис на животот со идиличен крваво црвен и азурно син витраж на појави кои се раѓаат од слаткиот извор на копнежите, надежта и страстите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Започна Х.Х. да ракоплеска, но остана осамен, само доне­каде го придружи А.А., без своја волја поради својот авто­ритет на претпоставен на К.К.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)