остане (гл.) - непознат (прид.)

На ова негово размислување, одговорот му остана непознат.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Бојан само можеше да претпоставува, а вистината, знаеше, ќе остане непозната засекогаш.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Врската дојде, се препознаа преку договорената шифра, без притоа Баге повеќе да се загледува во човекот за врска, кој и така му беше и требаше да му остане непознат, бил тој маскиран илегалец или провален диверзант.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Подзапирам и си велам: гробот му го знам, но болката остана непозната.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Офицерот нешто забележа во својот бележник, веројатно некаква оценка, мислење за настапот, која засекогаш ми остана непозната!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)