остане (гл.) - неписмен (прид.)

Чанга тогаш првпат зажали, длабоко зажали, што не знае да чита, што останал неписмен, пуст во душата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тој го стори тоа со соучесништво на цела плејада крадци кои му ја поткраднуваа продавницата, на купувачи кои планирано и постојано купуваа на вересија и на пожари што ги пеплосуваа оние стоки на татко ми, кои не беа разграбани од крадците и од купувачите.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
На времето граделе само цркви и затоа народо ни остана неписмен и некултурен.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Крадците, купувачите и пожарите долго време стоеја како yид меѓу мене и татко ми и јас ќе останев неписмен да не им паднеше на моите постари сестри забавна мисла, што им нудеше нови можности: да се зафатат со моето образование.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)