остане (гл.) - незабележан (прид.)

Неговата работа не останала незабележена од егуменот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Последицата беше од чисто срдечно естетство, па затоа, поради мојата тврдост, за другите и остана незабележена.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Како и обично, не постоеше стриктно правило против разговарањето со проловите и против посетувањето на нивните пабови, но тоа беше премногу необичен чин за да остане незабележан.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ниту еден гест и збор на Томо не остана незабележан од ушите и погледот на Роска и Душка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Го погоди мигот кога нејзината кокетна екстраваганција не можеше да остане незабележана.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се воодушевувам и од Мадона, но повеќе ме возбудува како личност. Нејзиниот карактер. Носител на модните идеи. Свежа и предобра за да остане незабележана.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Уште повеќе што седеше стуткана таму назад, на таа последна клупа. Како да сакаше да остане незабележана.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
„Замислете си“, инсистираше Николина Кралева, „Нашиот другар седи на кејот, а вие можете и петпати да поминете покрај него и пак да останете незабележан или незабележана.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но тие не останаа незабележани кога нагрнаа на селото.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кога огреа сонцето на слободата во крајезерската земја, добро му се постави, не баш во првите редови, пред најсилните зраци, ама тука негде би, колку да не остане незабележан и премногу истакнат. Ни на сонце, ни под сенка.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Влезе во станот и не ја виде жена си ниту ѝ го чу гласот, но таа беше таму, па тргна кон столицата сакајќи да остане незабележан, но таа го гледаше додека ја допираше столицата и додека немо седнуваше. Седеше долго така. 85
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)