остане (гл.) - мирен (прид.)

Петре останал мирен, всушност, успеал да ја скроти својата избувлива природа.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Совет: Во случај на зголемена анксиозност или престимулираност, не дигајте паника, останете мирни и најдете некој седатив кој ќе го ублажи дејството на амфетаминот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
На пример, според „ Тајмс“ од седумнаесетти март произлегуваше дека Големиот Брат, во својот говор од претходниот ден, претскажал дека фронтот во Јужна Индија ќе остане мирен, но дека наскоро ќе почне евразиска офанзива во Северна Африка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Нема да дозволиме да пукаш во нас.“ Реши да не се повлекува, да остане мирен и разумен, да се спротиви; и - „Тргни се, момче.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се трудеше да остане мирен, ладнокрвен, иако чувствуваше дека целиот е напнат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Беличот му даваше знаци на Мечета да остане мирен. – Мене – продолжи да грми чудовиштето – не може никој да ме уништи.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Сакаше да си ја зачува сета убавина на исчекувањето и остана мирен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Уште повеќе што и самиот Меклин, во ноември 1944 година, истакнувал дека Светозар Вукмановиќ-Темпо и Димитар Влахов, при своите настапи, изразувале територијални претензии спрема Бугарија и Грција, што било причина Меклин да испрати протестна нота до претседателот на НКОЈ, Јосип Броз Тито.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
И покрај негирањето на таквите информации од бугарска страна дека "уште не е созреано времето за покренување такви прашања", британскиот политички врв не можел да остане мирен.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во тоа долго надмудрување ќе ги сослушам па дури и ќе ги прифатам сите нејзини непотполни дури и нејасни причини и притоа ќе останам мирен но отсутен.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ќе останам дури и сосема рамнодушен; се разбира во случај тие одговори да не бидат придружени со оние допири на аглите на нејзините усни што зачудувачки вознемируваат и речиси ме присилуваат да верувам дека сум сосема близу до проѕирните превези на првиот грев.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тамбурата се распрсна на парчиња, а од главата шурна крв и и го облеа лицето. Но Анѓа остана мирна крај ѕидот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сепак, неможно беше човек да остане мирен гледајќи го ѕвонарот. Кутриот човек!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
„Јас ја повредувам, а таа не се брани, не се обидува дури ни да ја отстрани повредата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа остана мирна, не се помести ниту кога доктор Гете се приближуваше кон нејзината глава со иглата, остана мирна дури и кога врвот на иглата беше забоден во нејзиното чело.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Еразмо занеме. Не знаеше што да одговори, збунет пред реакцијата на новите пријатели, сепак остана мирен.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Првин, не знаеше дали и тој да ракоплеска, да не испадне пред другите оти си ракоплеска себеси. Сепак, остана мирен.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Јас немав шанса да се скријам, но останав мирна.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Викнав пак по чичко ми, а тој ми викна: Тргни се, тоа се сигурно нашите борци што пукаат, не се известени дека тука сме ние ударници.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Кога застанал на средината на кожата, и средината и сите други делови останале мирни!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)