остане (гл.) - конечен (прид.)

Тука бев една година со познатиот француски поет и ректор на Сорбона Робер Мале, кому претседателот на тогашната Француска Република, по историските настани од 1968 година, по неуспешната интервенција на полицијата да ја смири ситуацијата, му ја доверува судбината на Универзитетот, по мирен пат да го разреши не само големиот генерациски конфликт, туку и една од големите европски кризи на интелектуалноста и власта.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој тврдеше дека не стигна на целта туку остана на почетната позиција.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Робер Мале останува верен на својата мисија оти по мирен пат ќе го разреши судирот, верувајќи, како и во поезијата која ја создаваше дека останува конечен жител на татковината на животот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Со укинувањето на мировните договори од Осло Арафат остана конечен губитник и тоа беше неговиот крај!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)