остане (гл.) - збунет (прид.)

Но овде остана збунет.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Татко остана збунет, не можеше да претпостави ваков пресврт.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Алек! крикна Александра. Александар остана збунет и нем.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Низ трите здрави окна на прозорецот дремливо врнеше густ снег, а денот плашливо раздени онолку колку што можеше и остана збунет.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И сѐ ќе биди добро“ му рече со блага насмевка баба Мара на газда Таки гледајќи го во очите, додека тој остана збунет во лицето и немо ја напушти топлата собичка во која се слушаше пуцкањето на дрвата во ќумбето и тропотот на дождот во прозорецот.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)