остане (гл.) - затворен (прид.)

Рече само за крв, та каква крв — човечка или биволска, коњска — ништо понатаму не објасни и остана затворен спрема сите негови другари во кулушот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Како и друг пат, сеедно каде одеа, сеедно колку да беше пријатно и убаво, - таа остана затворена во себеси, невесела, потисната.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Имотот, освен дуќаните кои останаа затворени уште од времето кога се отселија мајсторите, благодарение на грижите и работливоста на имотските луѓе, сѐ уште некако се одржуваше, но семејството сосема се разнебитило.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)