остане (гл.) - друг (прид.)

Соочени со Полицијата на мислите, не ни останува друг начин“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Јас Ја барам другата јас... онаму каде што остана еднаш и не сака да се врати... онаму каде што заспиваш и се будиш... онаму каде сонуваш и мечтаеш... каде дишеш и копнееш Во твојот свет... остана другата јас... и сега ми фали таа , за јас да бидам ЈАС...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Телото се распаѓа, останува другото со вечното траење: - Да верувам ли дека ти си готов да ме избегнуваш само заради другото?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Патот пред неколку години се направи, струја се стави, но останаа другиве работи.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
По, сепак, Атанас, тих и срамежлив, го изучи занаетот, израсна во вистински далјан.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Не остана друг кај тебе да работа за народ.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Русокос, висок, тенок и убав како нарисан, уште малечок, во 1947-та, кога татко му Ѓоре Дамчески и деленицата нивни Божин Дамчески Штркот паднаа во затвор, беше се завлекле во Методија Андонов Чентото и Ѓорета го осудија на девет а Божина на единаесет години затвор, мајка му, Илинка Дамческа, на која останаа другите пет деца, алипниот свекор Блаже Дамчески, и сиот немал имот, го даде кај делениците во Прилеп да изучи за ковач, што сосема, сосема не му одговараше на ликата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)