Бидите раат, и ако ви притребам секогаш можите да ме најдите, a јас веќе, Трајко, те знам каде си, ако имам нужда лесно ќе те најда...
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Имам троа вересиа да собера и ќе ти и натокма — се пошегува, мислејќи на Јована Сивев, кој му остана должен седумнаесет лири, па продолжи: — Само едно ќе ве молам да му кажите на нашите големи луѓе: да не ми пречат во моите работи.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
По недела две се најде отепан Турчинот, Катил Шериф, на патот за Прилеп; по друга недела две Тоше Налев им стори абер дека го видел Толета во Битола како се шета по атпазар, та се осмелил дури и на ан кај него да појде и да му ги побара седумнаесетте лири што му остана должен Јован Сиве во Старавина.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Никаква шега, ами навистина се затресе пашата и се замисли што да прави ако му дојде Тоде еден ден да си ги бара сметките што го брка толку време по Мариово.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Дали мотивите на селаните да ја осуетат Симоновата помош, да ја одбијат подадената рака и на крајот да го понижат, се провоцирани од инстинктивната самоодбрана од натрапникот, од препознавањето на помошта како подлост насочена само кон лична полза, од одбивањето на услугата за со услуга да не мора да се плати или да се остане должен?
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
„Државната каса му останала должна многу пари“. „Пет илјади наполеони“, рече Владе
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ќе насликаш петокраки на двете страни од сандакот и една озгора, на капакот. Ништо повеќе“.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„Немам тенеке за да исечам ангелчиња и да го украсам ковчегот, другар Ѓурчин“, реков.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ова ти го наредува власта, а власта никогаш никому не му останува должна", ми нареди Ѓурчин.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„А кој бара од тебе ангелчиња.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Остана должен уште Мирче домазетот, човек сиромав и со неколку деца.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Најважно е да не им остане должен.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
По цел час очајничко сигнализирање на автомобилите и товарните камиони кои брзајќи поминуваа низ невремето, конечно ѝ се смилува возачот на еден стар автобус.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Не сакаше, во животот, никому и во ниедна ситуација, да остане должна.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)