остане (гл.) - голем (прид.)

Идентитетот на секој балкански народ останува голема енигма.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ми преостануваше да трагам по миговите кога овие два живота биле најблиску еден до друг, кога биле подготвени да се слеат во една заедничка мисија што им ја наметнувала историјата, но, неочекувано, се разделиле, небаре според некој договор што остана голема тајна засекогаш.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
На некое друго, можеби душевно ниво да, но и тоа ќе остане голем знак прашалник.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Стравот ми помина, велам, но очите ми останаа големи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Така него го воспитуваа десет години, и тој си достоја на дадениот збор во конакот на прилепскиот кадија пред самиот себе дека се ќе слуша што ќе го учат и ќе прави што ќе го тераат, само и само да остане голем човек-кадија, баш на местото на оној што го плени.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Не ја заборавив таа албанска жена и се уште кај мене не згасната остана големата желба да клекнам пред неа и најтопло да и избакнам раце.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Зашто сепак, за Зоки најубав подарок остана големиот жолт балон од тетка му.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Водата секогаш била и ќе остане голем исцелител.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Кој го знае јазикот на каменот знае дека Куско ќе остане големо собиралиште на молкот на поколенијата со многу исполегнати извичници и сал по некој исправен прашалник.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)