остане (гл.) - гол (прид.)

Ни остана, чедо, ни остана голиот живот, болката, маката, чемерот, оболената душа и мачната надеж на чекањето... и овие раце и рамената... со кои станавме дел од бурата што надоаѓаше сѐ побучна и пострашна...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Поминало подолго време, опавчето на малото маченце заздравело но останало голо.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Маре беше порешителна, па го истрга ортомчето и ја раствори мукавата, при што во рацете на генералот остана голиот предмет.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Над нив остануваат голите подадени прсти на гранките да го обвинуваат небото за тешкиот злочин. Дожд, дожд...
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)