Па седум фурни... - Да ти се мочам во фурните! Војската, реков, остана гладна!
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Капките се слеваат по твојата шофершајбна, а ти размислуваш за оној далечен ден кога те однесоа на излет со семејството на чичко Живко и кога нагло заврна и дождот ви ја растури првомајската скара и тебе те сместија во старата лада и ти дадоа една недопечена кобасица додека сите други останаа гладни и потоа ти пуштија радио и фудбалските коментари се мешаа со звуците на домашната естрада...
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Волкот, пак, нема да остане гладен.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Не можеме да бидеме потполно сигурни ако мајката ги оставила децата без да им земе по половина од јајцата дека ќе ја задоволи правдата, ниту пак ако одлучи да остане гладна.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Не оставајте го залакот недојаден, ни вели, некој роднина ќе ви остане гладен.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Според искуството на постарите рибари, поправо по нивните приказни, сега беше токму време рибата да загризе, барем онаа што останала гладна преку денот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Такви исти верувања, кај различни луѓе, на различни простори, се повторуваат неброено многу пати низ времето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Една девојка е сигурна дека некои нејзини мисли се всушност туѓи наметнувања, и прави спротивно на нив - ако прво помисли: овде ќе ја преминам улицата, веднаш потоа се спротивставува, и преминува на некое друго место; ако си рече: „Време е да јадам“, во следниот миг решава да остане гладна до следниот ден; ако си помисли, додека пие вода: „Пази да не ти се лизне чашата од рацете,“ уште веднаш ја фрла чашата на подот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тој тамам ќе попрестане, а дедо Геро пак ќе му ги покаже забите и ќе му пристори: - Хе-хе-хе-хе... и така со ред додека дедо Геро не го изел зелникот, а Митре останал гладен.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)