Тие сакаа да останат верни кон нешто неопределено, што не беше ниту идеал.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Со други зборови: кој во овој брзоменувачки свет сака како интелектуалец да ѝ остане верен на вистината и скептичен како спроти владеачките така и спроти масовните инстинкти, тој мора да биде свесен за можноста дека ќе го осудат поради клевета. Како и Сократ.”
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Дури Тренков и другите организациони дејци, по страшните порази, се откажаа од борбата и од нападнувачка поминаа кон одбранбена борба, Толе си остана верен на својата клетва, дадена уште при напуштањето на кошарката од татка му Трајка во Крушевица, дека ќе се бори и ќе коле, тепа Турци изедници, а и нивни помагачи од која било вера.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Се раскара со Бешот и другите организациони луѓе, го протепа во Градешница и самиот селски војвода Гулета, ги тевтиши Старавинци, Вешивци, Грунивци што избегаа од Витолиште и ја почна пак арамиската.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Дали ќе било подобро да останал верен на оригиналот?
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Ќе си остане верен на својата мисија па, ако биде суден за нешто што не е виновен, на крајот, нека пресуди Бог.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Но Мајка си остана верна на стариот семеен ритуал, никогаш да не го беспокои со бесполезни прашања: каде бил, со кого бил, што правел надвор толку долго време?..
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
И сега, како и секогаш кога му беше тешко во животот, му остануваше единствениот излез: да ѝ остане верен на правдата.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Татко имал сила уште само да ја замоли да врати некои позајмени книги од негови пријатели, други да подари, но да му остане верна, колку што е можно подолго, на последниот распоред на неговите книги.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Си остана верен на своето судство, на своето чувство за правдата.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
И таму ѝ останаа верни на семејната традиција на изучување на правото.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Губењето интерес за резултатот на акцијата не произлегува од недостиг на решителност или на енергија, туку од тоа што еден дел од таа енергија останува заробена во претходниот циклус, кому му се останува верен.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Таква мислост кон нашиот народен јазик треба да имаме и ние, ако сакаме да му останеме верни на духот на нашите предедовци.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Но остани да лежиш крај твојот патник сакан просолзи понекогаш скришум, никој да не те слушне достојна и дрска, Пенелопо древна биди каква што си... и остани верна. okno.mk | Margina #1 [1994] 53
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Има уште илјадници души од родот твој што како и тебе не клекнаа на колена и им останаа верни на коските на своите татковци!
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Ако не Му бидеме верни, Тој сепак нам ќе ни остане верен, зашто Христос не може да се порекне Самиот Себе“.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
И тоа беше еден вид луд заговор во кој никој неупатен не можеше да се сомнева, зашто секој од нас, повеќе од кога и да е, ѝ остана верен на тајната.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Сè додека, непрекинато искачувајќи се, не излеговме од облакот кој остана под нас, а луѓето во Париз и понатаму не можеа да нè видат поради таа завеса од чад, а ние се пробивавме низ чистиот и блескав воздух на височините.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
И откако видов дека те нема и откако дознав дека живееш со други жени, ме фати силна жал и јад и со денови и ноќи плачев, и во силната омраза кон тебе што досега ти останав верна додека ти си го тераш ќејфот, во бес и очај, решив и јас да ѝ дадам одишка на душата.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Во делото и личноста на книжевниот нобеловец Ромен Ролан беа овоплотени двата движечки идеали од младоста на Камилски, на кои им остана верен и во староста: на интернационалата на духот и на панхуманизмот на Ромен Ролан и на одбраната на Октомвриската револуција, како историски напор за социјална и морална реконструкција на човештвото.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Романците, Грците и Турците го сметаат за свој, а тој до крајот на животот ќе остане верен на своето албанство.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тие речиси пет века му останаа верни на императорското семејство.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И така во ноќта на балканскиот покер во нашата стара куќа крај реката Татковата судбина се разграни во два правци: првин беше повикот на пријателството на Климент Камилски и потоа потрагата и откривањето на битолските кадиски списи, познати како сиџили, на кои им остана верен до крајот на својот живот...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Секако, театарот си останува верен на себе.”
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Но таа се чувствуваше вкоренета за поголемиот дел од семејството, макар што живееше сама, со татковите книги, со духот на неговото присуство, на кој му остана верна на еден метафизички начин.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Но, останав верен на неговите илузии, го множев хаосот на неговите книги, без да ја откријам неговата моќ на катарзичното читање, на распоредот на книгите, со кои како низ скалила стигнуваше до далечните светови, некои блиски, други далечни, но и до трансцедентните.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Робер Мале останува верен на својата мисија оти по мирен пат ќе го разреши судирот, верувајќи, како и во поезијата која ја создаваше дека останува конечен жител на татковината на животот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Очигледно јас немав намера да го менувам обичајот!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Сојузниот остана верен на своето: Ние не сме богата земја, постојано да именуваме нови амбасадори.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Тука бев една година со познатиот француски поет и ректор на Сорбона Робер Мале, кому претседателот на тогашната Француска Република, по историските настани од 1968 година, по неуспешната интервенција на полицијата да ја смири ситуацијата, му ја доверува судбината на Универзитетот, по мирен пат да го разреши не само големиот генерациски конфликт, туку и една од големите европски кризи на интелектуалноста и власта.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Оставајќи тие песни во нивниот првичен, автентичен поетички вид без посегање во нивната поетска суштина, сакав, не без извесна носталгија и сентимент, да му останам верен на тоа искуство.
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Овие Балканки, кога ќе го завршат училиштето, ни остануваат верни, веруваат во нас, како во нивни родители, заштитници!
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Сега јасно се откриваше една од главните причини зошто Мајка му остана верна на Татковиот дом, да самува во него до крајот на својот живот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Некои му пристапиле, но смоквата му останала верна на бога.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Добро, и тоа е храброст, ама од еден друг вид, иако јас, со својата женска памет просудувам дека таа Пелагија, во колку воопшто веќе постоеше, не заслужуваше такво однесување и толкава верност од негова страна.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Јасен е одговорот: тој сиот свој живот ѝ остана верен на мајка ѝ на Аксја, на својата Пелагија.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Да го предадете сопствениот живот и сопствените надежи, плашливци од најлош вид.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Визуелни и непознати движења низ своите тајни тунели, од таму почнува се и не можете да го изневерите животот мора да му останете верни.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Вие продолжувате на чудесен начин да ги обединувате сите атоми на мојата сага по целината по која трагам.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Ќе се бранам, упорно ќе се бранам, односно упорно ќе тврдам дека пишував и на јазикот на другите зашто докрај му останав верен на почнувањето, на изворот на животот, според кодот на мајчиниот аманет, да трагам по нејзината порака само во јазикот на животот...
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Ги знае од дете, чувствува во себе, патот го гледа и при чекор напред и при чекор назад, останува верен на себе, и во тешкотија содава, дури и во беда.
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)
Неговиот расказ „Куќата на Астерион“ може да се чита, а да не се претера во толкувањето, како метафора за самиот Борхес.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Во неа Минотаур избира да остане во лавиринтот во кој е затворен: „Едно попладне“, признава тој, „излегов на улица; ако се вратив пред мрак, тоа го направив поради стравот што лицата од обичниот свет го предизвикуваа во мене“.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Многу години подоцна, во својот “Автобиографски есеј” од 1970-та, тој повтори дека & останува верен на планетата Тлон, т.е. на светот на книгите: “Да ме прашате да го именувам главниот настан во својот живот, би рекол дека тоа е библиотеката на мојот татко.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Всушност, понекогаш помислувам дека никогаш и не сум излегол од таа библиотека”.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)