остане (гл.) - буден (прид.)

Тој седеше малку одделен од девојката и како да се силеше да остане буден, за да не ја докосне случајно во тресењето на возот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тој легна, но долго остана буден во темницата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Позитивни искуства: кофеинот е мек стимулант кој може да ви помогне да останете будни и во приправност.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во Козар Маало, блиското Пошта Маало и околината, живее во разбирање, пријателство, солидарност, притекување на помош, делење на заедничкиот леб на сиромаштијата на повоените години цел еден мал свет, на стравот од неочекуваните упади на власта: побројните Македонци, Албанци, Турци, Срби, Унгарци, Руси, Грци, Бугари, Хрвати, Французи, Ерменци, Евреи, Власи, Роми и други.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но се случуваше и во доцните ноќи, кога сите беа заспани, а само Татко, останат буден крај своите книги, да се слушаат необични звуци, во куќата, крцкање како говор што доаѓаше од неодредено место, во времето коешто Татко не успеваше да го протолкува до доцна во ноќта.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не знаеше колку веќе чекори вака – откако сфати дека беше заспал, се трудеше да оди и да остане буден, оти знаеше дека слаткиот сон на овој студ не е ништо друго туку слатка смрт.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Татко ми остана буден цела ноќ, прилегнат покрај огништето. Не легнав ни јас.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Без импулси за животот околу себе паѓале на земја по првите прегратки со жените и со мајките и се распливнувале во нејасни, распарчени и испреметкани соништа, пред тоа преслаби да ја голтаат и да ја издржат ракијата што сосила им ја сипувале помеѓу испуканите и раскрвавени усни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Само неколцина, меѓу нив и покајнички смирениот Богоја Гулабарин, останале будни, со нив и тројцата раненици на три двоколки ослободени од лесновските камења.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ноќта останав буден.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Единствено и тогаш и подоцна, како за целиот свој живот што остана будна, и, се разбира, како секогаш закопчана одгоре додолу, тоа беше другарката Оливера Срезоска, нашиот помошник - управител.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ме тресеше некоја чудна треска, во исто време и ме истоштуваше да не можам да останам будна, и ме протресуваше да не можам да заспијам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)