остане (гл.) - трага (имн.)

Квир-движењето на почетокот од деведесеттите ги рехабилитира родово девијантните стилови, а од нив останале траги.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Стипцосаната земја, над која пловат зачаденост и црни испарувања на тага, ја ора усвитено железо и ја јалови оган, по нејзините врвици и библиски беспатици јаваат на коњски костури апокалиптични рицари - чумата, поморот, алчноста, бесот:коњските узди се густ сплет на змии, здивот на јавачите е сув ветар од кој и коренот на кровот се суши; зад нив останува трага: дрвени крстови, плочи со камени чалми, несобрани трупишта, урнатини.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Опозицијата помеѓу кралиците и трејдовите требаше да ја снема со геј-ослободувањето, кога гејството се вкалапи во единствен, обединет, хомоген идентитет – и кога, како што забележале многумина набљудувачи за подемот на „клоновската“ култура, сите геј-мажи наеднаш почнале да изгледаат и да се однесуваат како трејдови (и да спијат едни со други).234 Но дртата поделба на кралици и трејдови и натаму си испливува во машката геј-сексуална култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Дојдовме да видиме дали останаа траги од последните напори окрилени со паролата “Непријателот на Вичо нема да помини”.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)