остане (гл.) - сирак (имн.)

Уште мал останал сирак и рано требало да се грижи за својата и за егзистенцијата на својата мајка.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Остана сирак гората, остана сирак народот, најголем сирак борбата спротиву свети Илија.
„Робии“ од Венко Марковски (1942)
Момчакот тукушто дочекал полнолетство, а веќе останал сирак – татко му, бледиот капетан, потполно откажувајќи се од пловидбите, исчезнал неосетно, како што и живеел.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Уште немав ни цели две години кога останав сирак.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Имињата на нејзините деца што ги прочитала во весникот и кои останале сираци длабоко ѝ се врежале во срцето.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Останале сираци, без македонски патријарх, така било пишано.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)