остане (гл.) - ништо (имн.)

Не остана ништо. При една рација сѐ ми зедоа...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Не остана ништо у човека - над најгрдото виши и провалиите ги зарамни и бездните и реките ги доскапчи камен црн гол камен.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
ИВАН: Не ми остана ништо друго, освен да го оставам Методи да го чека и вечерниот воз.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Од мртвата овца и од кучето, освен крвавите дамки по снегот, не беше останало ништо.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)