Како што од пандорината кутија излезе само надежта, така ќе остане таа тајна, да тлее и прогонува сè што живее. Ќе биде највлијателниот двигател на телесни задоволства и непроменливиот сојузник на гревот.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Некогаш, пред дваесет години, тој ги одбиваше стројниците барајќи му на своето чедо што подобра прилика, а кога стројниците престанаа да идат, нему му беше јасно дека е задоволен, дека среќата го зачувала да не ја омажи ќерка си, да си остане таа со него, да не биде тој за неа втор, и спореден, поткошнат
па макар и во своја куќа, без право да ја повела.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Без надеж дека тој ќе и се врати останува таа осамена и грда и се убива со отров, во истиот миг, гонет од љубопитност, тој да го отвори ковчегот и од она што ќе го види да се споулави, веднаш оп скок на својот коњ да се најде леденоок во прегратки на смртта.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Ах, да знаев што ќе се случи другиот ден, колку плачев потоа и се обвинував што не останав таа вечер покрај тебе.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)