остане (гл.) - некој (зам.)

Толе мртка, кршка, виде дека Адем не ја вика Ката на кулата, та остана некоја недела и друга со неа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Му останала некоја експлозија во главата, што се вели, и само да му трешти: вау, вау, бау, бау, да му прави.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се сврте, ја прегрна мајка ми, и така останаа некое време.  Мајка ми ѝ шепкаше нешто.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тоа што се бара е како вода што сака да се задржи низ прсти, а одвај останува некоја капка во дланката.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кловнот останува некое време здрвен.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Не беше тоа некоја тешка кавга.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Се надвикувавме како врапчињата под грмушката отаде патеката.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Требаше и тебе да ти остане некоја лузна!“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
– Се разбира дека било, не можело да биде почисто. – Ама, сепак, останале некои дамки на времето!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)