остане (гл.) - зароби (гл.)

Кога длабочината на човекот ќе биде недопрена од раката на Светоста, тој ќе се обвитка во лушпите на земските илузии, влегува во сплетки со другите луѓе или сам создава непотребни грижи за време на своето живеење и останува заробен во нивните канџи.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
За неколку мига, додека најпосле не дојде на себе, остана заробен во сонот, не можеше да сфати дека тоа било сон, му се чинеше дека и разбуден продолжи да сонува и тоа го доиспрепали.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)