остане (гл.) - запамети (гл.)

- Зашто некои работи остануваат запаметени и за по смртта, рече Дуко Вендија, и зашто староста го расчинува човекот и затоа никој не ја сака, рече и зеде варена пченица од жените коишто раздаваа за душа. За испустената душа од Велика Мегленоска.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ја дочитав книгата, а во умот ми останаа запаметени измешани вкусови.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Остана запаметен по своето брилијантно дело Брана преведено на светските јазици, беше основач на првиот туниски Универзитет по независноста, се сметаше за еден од најголемите туниски мислители на XX век.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Една долга зима, напаѓа еден од најголемите снегови кој засекогаш остана запаметен во нашиот град.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)