остави (гл.) - тука (прил.)

Тројца сме: едноит го врзува коњот и потпевнува, другиот ја гледа таа иста месечина што некој, заминувајќи си, морал да ја остави тука, третиот осознава дека огнот е семе: од неговите искри се множат оние кои допрва ќе горат.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Имаше впечаток како самиот тој да го имаше оставено тука.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но се исплаши да ја остави тука бундата, дури ни за кратко, да не ѝ ја откријат, па после да си имаат непредвидливи маки.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Сега, кога мораше да го остави тука, тоа свое срнче, тој мислеше на сѐ, што требаше да стори за него, пред да замине.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)