остави (гл.) - таму (прил.)

Во таа мисла ја најде нунката што го носеше девојчето в раце, и бидејќи е адет да не зборува дури го држи, — отиде право во јаслите и го остави таму.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ги жалеше за загубата но ги осудуваше за постапката; претпоставуваше дека само го одрале пцовисаното, ја зеле кожата, а мршата ја оставиле таму.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Што да каже за палатите во Белград, за куќите по Грција, по Бугарија и по Романија, коишто ги ѕидал години по ред и оставил таму љубов, здравје, живот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Еден друг ден кога татко ми си дојде на ручек, видов како носи под мишката една необична книга, и откако се помисли каде да ја стави, ја отвори вратата од шкафот и ја остави таму.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Откако ќе станеше од креветот, некако забораваше што оставил таму, и му се чинеше дека девојката што го љубела за миг го маѓепсала, и ниту еднаш не запре да се праша себеси дали конечно, со неа, ја дочекал љубовта.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Се договоривме да го оставиме таму.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Па тоа беше токму тој, ваков спружен врз нивната носилка и безволен за секакво движење, останат на средпат и таму капнат сѐ додека не дошле овие четворица луѓе, што не сакале да го остават таму, на неговата бука; го нашле таму и сега го однесуваа со овие свои тивки, претпазливи чекори, молчеливи и заздишани.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ралфи ги остави таму. Но, не се врати по нив.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
И во ателјето, заедно со сликите што ги беше оставил таму, почна да ги реди и платната што ги донесе, да ги реди и да ги прередува по сите ѕидови на ателјето, замислувајќи си го концептот по кој ќе бидат поставени на планираната голема изложба.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сакаше да го остават таму, на глувците. Проклет да бидам, на глувците.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Момците го однесоа Бошка во една од одаите на неговиот конак и го оставија таму затворен заедно со неговиот претсмртен страв.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Го зеде чаршафот од фијоката, (веројатно таа го имаше здиплено и оставено таму), и го посла пред нас.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)