остави (гл.) - посебен (прид.)

Но она што ми остави посебен впечаток и што никогаш нема да го заборавам беше еден глас од гранките што се издвојуваше од другите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ни не помислив дека зборовите на Иван, како на пример оние за сместувањето на мајка му во празнината, се пресметани да остават посебен впечаток.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но и по неговото заминување, а и потоа, доцна ноќта, кога си легнував, не можев да се ослободам од звучењето на пораката што ја беа оставиле зад себеси тие многу обични зборови.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Младиот државен секретар, со својата смиреност, повлеченост, но и со репутацијата на школуван кадар на високите европски и американски универзитети, особено во доменот на безбедноста, на многумина дипломати ќе им остави посебен впечаток.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ваквиот развој на Штудгард оставил посебни белези.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)