остави (гл.) - беспомошен (прид.)

Двајца од оние што ѝ биле на главнината зад грб бегале обезглавени а оружјето им останало таму кај што биле вкопани, трет, постар човек со тажни мустаќи, се влечел мечешки по нив и ги молел да го земат со себе или да го убијат, да не го остават беспомошен пред бесот на каурите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Лекарите ѝ препорачуваа да оди во некое климатско летувалиште, но таа не сакаше да го остави беспомошниот маж сам, а и не сакаше Пансионот да го препушти на персоналот, на пропаѓање.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Страшно беше да се вратам назад, но, уште пострашно да ја оставам беспомошната Ели во сѐ ова што паѓа, што се урива.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Сонцето нагло паднало зад планински врв.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)