остави (гл.) - зад (предл.)

Ја оставивме зад себе Касандра, но затоа продолживме кон најубавите морски летувалишта во овој крај - кон камповите и бунгаловите на „Сани-бич“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се сети на настанот виден во детството; на ножот светкав како влажен рибји стомак; на проѕирниот лак што го остави зад себе проклетиот челик пред да ја пробие ленената кошула; на темната лочка крв која не беше растопен пламен на малини; и на дебелите стакла на жандармеровите очила.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
А какви ли црнила оставиле зад себе волците што синоќа се сјатија на колибата?
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Браќата нејзини, меѓутоа, и уште некои го зграпчиле насилникот и му ги наместиле ковчињата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И го оставиле зад грб настанот. Сепак се знаело дека Мечкојад ја памети срамотата...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ја остави зад себе помислата да преземе нешто (а и што?), додека таа инсистираше испраќајќи го не со поздрав туку со молба.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Во еден град на Германија се случи автомобилска несреќа: добро зачуван мерцедес остави зад себе на крстопатот прегазен американски војник.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Поединечно, во јата и во бранови летаат гулаби и се спуштаат на кејот, собираат сѐ што сношти оставија зад себе шетачите.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Погледни колку расплакани лица остави зад себе...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)