остави (гл.) - чанта (имн.)

Камилски повторно ја бакна својата сопруга, која не беше навикната на толку голема нежност од својот сопруг, оддалечувајќи се да ја постави вечерата, додека Климент не знаејќи што да прави во кујната влезе во својата библиотека, ја остави чантата, имаше време само да отвори некои од речниците и да се врати во трпезаријата каде што веќе беше поставена вечерата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Човекот виде што правиме во песокот, се насмеа, ја остави чантата и почна да прави некаква чудна куќа со дебели ѕидови, високи кули, широки врати, со стражарници, со топови, оградена со вода, ја правеше и ни раскажуваше за некои кралеви, во стари времиња, за маѓепсани принцези, за змеови.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Милка ја лупна надворешната врата, потоа влезе во собата, си ја остави чантата и си го слече палтенцето. Потоа отиде во кујната.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
До доцна во ноќта Камилски пребаруваше во веќе отворените речници османски заемки од областа на архитектурата и урбанизмот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Милка ја лупна надворешната врата, потоа влезе во собата, си ја остави чантата и си го слече палтенцето.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)