остави (гл.) - татко (имн.)

И затоа тој сега му вети на Петка некоја и друга лира, бидејќи знаеше дека овој сиромав момок не е момок од татко, што се вели зборот, ами тој го направи момок уште кога му ги зеде нивичките што му ги остави татко му Стале.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Митра се направи дека не ја засега постапкава и таа остави татко и и мајка и на Нешка да се мислат и да се изјаснат, па проговори: — Ами земи си а, браче, земи си а Нешка. Оти да не си а земиш?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Парите на Јанчевци, за нив и за Драганка, им ги оставил татко ѝ нејзин, велеа, уште тогаш, кога го одвел Бошета.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Остави мајка, остави татко, жена и две деца и побегна со една ороспија дури во невратилово, но се утеши дека ете пак го „милуал господ", го вратил назад за да им се најде во секоја невоља.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Пукнатините на неговите арапски усни незабележливо се мрдаа додека го разгледуваше тестовото луле од печена земја и со камиш од вишново дрво. Од косата му ѕиркаа сламки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Ова луле е постаро од старецот. Му го оставил татко му.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Одамна веќе не го интересираше учеството на заедничките изложби со по две - три слики, туку одеше на самостојни - во родниот, па во главниот град на татковината (баба му ја викаше „таткојна”, мислејќи на она што ќе ти го остави татко ти, било како имот било како долг), а се одѕиваше и на покани однадвор кога ќ е му се укажеше можност.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Меѓу сите изговори што Мајка ни ги кажуваше за да го оправда заминувањето, беше главно аманетот што ѝ го оставил Татко, никогаш да не си ја напушта куќата, никогаш.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но сети се на фармата што ни ја остави татко ми.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)