По неколку дена кога му поминаа болките и синилата по телото што му ги оставија стаповите, Полин пак тргна по мачки.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Таму, застана, не седна, туку се навали на ѕидот над патот, го остави стапот навален исто така на ѕидот крај себе и си ја преврза шамијата на главата, помина еднаш или двапати со дланките преку градите како да тресе нешто, се потсуреди како што милеше дека ја личи и застана така со дланките една преку друга на скутот.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)