Како што растеа цените, празните места што ги остави сидата не се пополнуваа со нови бранови геј-доселеници од работничката класа.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Над 300 000 од тие умрени биле мажи што имаат секс со мажи.445 Само во Заливското Подрачје на Сан Франциско умреа десетици илјади геј-мажи, меѓу кои околу 17 000 во самиот град Сан Франциско.446
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И така, геј- населението полека- полека се разводни и се разби – како што потврдуваат и податоците од Пописот од 2010 г.448 Како резултат на тоа, целокупната општествена инфраструктура на машкото геј- живеење постепено се влошуваше.
Ова имаше разорно дејство врз геј- културата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А оние што биле сопственици на своите домови во многу случаи немаа живи наследници или преживеани љубовници на кои би им ја пренеле сопственоста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во исто време, брановите џентрификација што придонесоа кон преобразбата на геј-маалата предизвика стопанска експлозија на недвижностите во внатрешноста на градот, бидејќи оние од предградијата почнаа да се враќаат во новообновените внатрешни делови од градот, а поради тоа цените на недвижностите во урбаните центри на САД пораснаа вртоглаво.
Геј-мажите со скромни приходи кои ги населуваа геј-гетата и кои подоцна умреа од сида честопати не беа сопственици на имотот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)