Затоа невестите и момите почнаа да им се доверуваат на постарите жени дека се плашат, а овие навалуваа на мажите да ја остават работата и да си отидат дома уште со видело.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Во текот на работата обајцата увидуваа дека зборовите од опасни станува безопасни, од неполезни полезни, од незабележливи забележливи, од исчезнати оживеани.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но гордоста на обајцата не им дозволуваше да ја остават работата и да ги остават на цедило нивните потомци, за чиј спас Камилски и ја предложи мисијата, а Татко ја прифати макар убеден дека таа немаше да заврши како што очекуваше неговиот пријател.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Откако влезе во екипата на Волнаровски, Авни речиси ја остави работата во златарата “Карат” и целосно се оддаде на секојдневните обврски: регрутирање на жените од Прифатниот центар и нивно пренесување со комбе до Бар, за оттука, по воспоставениот канал, да можат да го продолжат патот до Бари, во Италија.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Штом ќе ја сетеа по кроткоста и тишината која пред неа одеше, ќе ја оставеа работата дуќанџиите, пиљарите и касапите, коларите и браварите, ќе брцнеа по џеповите и ќе ѝ подадеа некоја паричка како за среќа, како камче против чинка, како прав против урокливи очи и баксузлии жени.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Дури и брат ми, помлад од мене, преселен во Мелбурн, кога слушна за одлуката, се охрабри да ми напише: „Не е добро што си ја оставил работата...“
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Едо, изненаден, ја остави работата и влезе во канцаларивчето на Васка.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
— Ех, Маша, Машенка, ќе вели Перипелицина, нема човек што не ја оставил работата за да те слуша.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ја оставиле работата и, ајде!
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Мајката ја остави работата, ја зеде нишалката и водејќи го малиот за рака слезе од трети кат.
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
Ништо. Ја оставивме работата. Мокро сено не се собира.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Но во 60-те целата фора ѝ беше во тоа да ги оставиш работите такви какви што се. (На пример, 67-та помогнавме да се отвори дискотека под името Gumnasium. 28 Margina #10 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Првин се двоумеше дали да губи време со старецот, зашто бикот повеќе ќе се оддалечи од него, или да ги остави работите какви што се, со надеж дека бикот сам ќе се прибере, еден ден ќе потклекне послушно.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Кога ги остави работите со кои беше накитен, им рече на децата да се тргнат. – Ќе ви кажам нешто, - присторе.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)