остави (гл.) - писмо (имн.)

Тој ниту еднаш не помислил на веројатноста или можноста министерот да го остави писмото пред носот на целиот свет, овозможувајќи му на тој начин сигурна заштита од очите на тој свет.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
ЕВДОКИЈА: Можеше да оставиш писмо, картичка, било што.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Подоцна Хелвиг ѝ беше оставил писмо на истата маса.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Затоа тој му го остави писмото на еден од везирите што ги бркаше царските работи и му кажаа дека луѓето што се споменуваат во писмото му се предадени на мудурот во затворот; кога ќе се врати султанот таму да ги бараат. Co тоа тој си ја исполни својата задача и по два дена си ги собра сејмените и се врати во Прилеп.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
По избрзаниот и залуден обид да го пикне во некоја од фиоките, била принудена да го остави писмото на масата, отворено.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)