Ливајн ја остави книгата и ја згмечи цигарата во облогата од шлемот. Погледна кон таванот.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
На масата има весник и ножици. Кртот ја остави книгата. Сече дел од весникот.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Веќе по втората страница, ја оставив книгата на наткасната, ја изгасив сијалицата, се завртев на десната страна и со левата рака долж слабините и левата под десниот образ, се почувствував удобно.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Татко на залез на сонцето, кога последните црвеникави зраци исчезнуваа зад тврдината Кале извишена на другиот брег од реката, зад која патуваа и исчезнуваа неговите мисли, ќе ја оставеше книгата на комодата крај миндерот среде чардакот, а тоа за Мајка беше знак да ги донесе бокалчето домашна ракија и Татковото омилено мезе.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко и Игор Лозински ги оставија книгите. Погледнаа низ прозорецот кон факлите, кои го осветлуваа Езерото.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Ја остави книгата и продолжи да шара со погледот по насловите од библиотеката.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Мајка ми, небаре ја следеше сенката на сонот на татко ми, до колку и неа не ја повтасала дремката, ќе дојдеше, ќе ја изгаснеше ламбата, ќе ја оставеше книгата настрана, означувајќи ја последната прочитана страница, ќе го покриеше полека татко ми, за да не го разбуди.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Татко ја остави книгата крај себе. Се подготвуваше нешто значајно да каже.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)