- Јас, снао, како прво, оставив имот овде... - ќе речеше Илко со поткренат глас да го чуе таа.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Тогаш, кога Акиноските за прв пат се доселија во Потковицата, се пронесе глас, но тоа не беше вистина, дека султанот, Мустафа Челеби, Лажниот Мустафа, (1419-1421 година) за да им го остави Имотот, им понудил да преминат во исламска вера, но кога тие го одбиле, се разгневил и им заповедал на властите да им ги оберат магазите во безистенот во Битола и да ги протераат во Потковицата - за заедно со другите раетини да работат за него.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
„Јас немам кому да го оставам имотот“, ѝ зборуваше на сестра си подавајќи ѝ го документот за доживотна издршка. И така беше најнормално.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Тој, пак, султанот, Мурад I Ходавендекер, во склад со својот лукав и сомничав ум, искажа милост: сомневајќи се дека некој друг ќе може толку успешно да управува со Имотот колку довчерашните стопани, и сомневајќи се дека ќе може некого друг, некој Турчин на пример, да го ограбува колку нив, на Акиноските им го остави Имотот, а заедно со него и титулата и господството над целата Потковица.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)